Незапамтено убиство се случи во Зрењанин.46-годишна жена, со нож го избодe нејзиниот сопруг С.П. (42), а потоа го исекла со моторна пила. Таа прво го заспала, го заклала со нож, а потоа го исекла со моторна пила по нозете. Тоа се случи синоќа додека нејзината ќерка била во куќата .
Полицијата во Зрењанин ја привела Т.П. (46) од Зрењанин, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство. На Т.П и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во Вишото јавно обвинителство Зрењанин.
Како што пренесе српски „Курир“, во улицата Душка Трифуновиќ жената го избодела сопругот додека спиел, а крвавиот пир го продолжила со моторна пила. Телото е пренесено во Нови Сад на обдукција.
Српски „Информер“ дополнува дека сопругата најпрво го заспала својот невенчан сопруг Срѓан, а потоа го избодела со нож. За да го прикрие злосторството, со моторна пила му го отсекла телото.
Припадници на МВР влегле во просториите на семејната куќа каде се случил масакрот, а на шпоретот пронашле тенџере во кое се вареле делови од телото на жртвата.
Како што дознава „Информер“, убиениот имал психички проблеми, а чести биле и расправиите во куќата.
Тие објавуаат дека, согласно информации од терен, во текот на ноќта било приведено уште едно лице, и дека постојат сомнежи дека на делото присуствувал син.