Хилари Клинтон има тумор на мозок?

Хилари Клинтон има тумор на мозок? Американски новинар тврди дека деновите ѝ се одбројани и дека ќе победи Трамп.

Американскиот новинар Алекс Џонс, на својата веб страна “Infowars” објавил дека Хилари Клинтон во 2012. година го оперирала туморот на мозокот, кој сега повторно се вратил.

Американскиот новинар Алекс Џонс тврди дека Хилари Клинтон има тумор на мозокот и дека деновите ѝ се одбројани. Тој рекол дека демократската кандидатка за претседателка на САД не колабирала поради воспаление на белите дробови, туку дека таа претходно оперирала тумор на мозокот, кој сега се вратил.

На веб странат Infowars, Џонс открива дека Клинтон закажала операција на туморот во неделата, но дека истиот ден се онесвестила во Њујорк на комеморацијата за жртвите од терористичкиот напад во САД, па интервенцијата се одложила.

“Имавме дојава дека на 18. август три специјални тимови на американската тајна служба почнале да ги проверуваат условите во неколку болници во САД, бидејќи на Хилари ѝ била неопходна операција на мозокот. Хируршката интервенција веројатно била закажана за минатиот викенд, со оглед на тоа дека на 10. септември се зборувало дека демократската кандидатка за претседател ќе се повлече од јавноста на пет дена”, навел овој новинар.

hilari-klinton-infowars-01

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тој додал и дека Хилари, која претходно имала згрутчување на крвта во 2012. година, веќе оперирала еден тумор на мозокот. Потсетува дека таа била во болница пред четири години, кога било соопштено дека поради исцрпеност и стомачен вирус паднала на скалите во својата куќа во Вашингтон и ја удрила главата. Медиумите тогаш објавиле дека доживеала силен потрес на мозокот, од кој долго се опоравувала. Меѓутоа, Џонс тврди дека паднала поради туморот.

“Луѓето на високи позиции во американската влада ми кажаа дека Хилари имала тумор на мозокот во 2012. година и дека тогаш го оперирала. Имала и многу компликаци после тоа, дури и мозочни удари. Поради тоа паѓала многу пати. Слично нешто видовме и во неделата. Тоа повеќе личеше на мозочен удар или епилептичен напад отколку на колапс поради воспаление на белите дробови”, истакнува новинарот.

Инаку, во прилог на неговата теорија одат и податоците од медицинската книшка на Хилари Клинтон, кој бил објавен во средата навечер. Во него пишува дека Хилари се онесвестила во неделата бидејќи имала “благо воспаление на белите дробови”. Меѓутоа, наведено е ѝ дека во март била на скенер на главата, што наводно било контрола поради воспаление на синусите.

hilari-klinton-infowars-02

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Експертите, меѓутоа, се чудат зошто Хилари правела скенирање на главата на контролен преглед за воспаление на белите дробови.

“Не знам дали станува збор за ВИП третман или нејзината докторка сакала да биде сигурна дека не пропушта ништо, но такви работи се прават на рендген. Во секој случај, скенерот дал детална слика”, навел инфектологот Џуди Стоун, пренесува Informer.

Откако Хилари колабирала во неделата, се појавиле многу теории за нејзината здравствена состојба. Повеќето Американци мислат дека е сериозно болна, а некои дури и мислат дека пронашла двојничка.

Извор Точка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e