Харадинај се заканува: Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе на Косово

Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај синоќа за ТВ Дукаѓини изјави дека Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе во Косово и Метохија.

– Знам дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран ако се случи вакво нешто, како во 1999 година. Српското раководство добро го знае тоа. Ако некој српски офицер помине на територијата на Косово, ќе биде бомбардиран Белград, а не која било друга територија – рече Харадинај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e