Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се очекува официјално да ја објави одлуката со која на децата под 15 години ќе им се забрани пристапот до социјалните мрежи. Со овој радикален потег, Грција им се приклучува на европските земји кои објавија војна на штетното влијание на онлајн платформите врз младите.
Како што пренесува „Ројтерс“, ваквата одлука доаѓа по алармантните извештаи за нарушување на менталното здравје кај малолетниците.
„Зависноста, анксиозноста и изложеноста на несоодветни содржини се само дел од причините поради кои Атина се одлучи на ваков чекор. Безбедноста на децата е приоритет пред профитот на технолошките гиганти“, велат од грчката влада.
