Големи поплави го опустошија „вториот крак“ во Грција

Повеќе делови од Грција се поплавени, а причинета е и сериозна материјална штета по поројните дождови што деновиве ги погодија Халкидики. Најсериозно е на вториот крак, Ситонија, каде има пријави за поплавени, патишта, куќи и други објекти.

Невремето ја погоди и областа Тесалија каде се поплавени 50-на куќи додека неколку патишта се под вода.

Според изјавите на локалните власти, голем број оштетени улици и патишта има и во градот Лариса.

Агенциите пренесуваат дека мошне сериозна е состојбата и во околината на Атина, каде што во ноември минатата година во поплавите, животот го загубија над 20 лица.

Охрабрува податокот што врнежите се престанати и се очекува постепено нормализирање на состојбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e