Хакерите кои се одговорни за најголемиот грабеж на криптовалути во историјата, веќе вратија пола од украдените 600 милиони американски долари, вчера изјавија експертите од блокчеин, пренесува Ројтерс.
Поли Нетворк, децентрализираната финансиска платформа, која посредува во „пир-2-пир“ трансакции, вчера објави дека била хакирана.
Вредноста на парите украдени беше околу 600 милиони американски долари.
Поли Нетворк подоцна побара од хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси, во спротивно тие ќе преземат правни чекори.
Хакерите изјавија дека нападот го извршиле „од забава“ и дека сакале да ја покажат ранливоста на платформата.
Идентитетот на хакерите не е познат.