Ѓукановиќ: Западен Балкан сега е подалеку од ЕУ отколку во 2014 година

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ синоќа во Брисел изјавил дека земјите од Западен Балкан сега се подалеку од ЕУ отколку во 2014 година.

-Ова е последен момент да ги направиме јасни нашите односи со ЕУ. Мора да знаеме дали е навистина реална перспективата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија во догледно време и мора да дефинираме јасна временска рамка, порачал Ѓукановиќ по работната вечера со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во спротивно, рече тој, празниот простор на Западен Балкан ќе го искористат трети земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e