Германија со рекорден број на новозаразени

Во Германија повторно е достигнат рекорд по бројот заразени дневно со 52.826 нови случаи, а починаа 294 пациенти.

Според податоците на институтот „Роберт Кох“ тоа се 13.150 случаи повеќе од пред само една недекла, кога имаше 39.676 новозаразени.

Седмодневната инциденца порасна на рекордна вредност од 319,5, откако ден претходно беше 312,4. Во текот на изминатите 24 часа починаа уште 294 лица заразени со корона вирус, а вкупниот број жртви од епидемијата се искачи на 98.274

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e