Франција: Запленети се повеќе од 400 парчиња нелегално оружје

Повеќе од 400 оружја, вклучувајќи и пиштоли за напад, се запленети за време на операцијата која беше спроведена од вторникот до четврток во педесет француски оддели „против домашна и меѓународна трговија со оружје“, соопшти денеска обвинителството во градот Рен, западно во Франција.

Во операцијата повеќе од 350 полицајци извршиле повеќе од 100 претреси, а „100 лица биле испрашувани“, вели обвинителството.

Запленети се повеќе од 400 парчиња нелегално оружје, претежно пиштоли, како и дваесет пиштоли за напад.

Операцијата била спроведена по апсењето на четворица дилери на оружје во февруари, кои увезувале оружје од САД и Србија, а по откритието на работилницата за „ремилитаризација на оружјето“ – да се оспособува претходно неутрализирано воено оружје, во Сен-е-Марн, во близина на Париз, посочува обвинителството.

„Ремилитаризирано неутрализирано оружје“ се смета за еден од изворите за снабдување за нелегалниот пазар на оружје во Франција, со трговија на оружје од Балканот и продажба иницирана од колекционери и љубители на оружјето.

Според експертите за оружје, на Балканот вкупно има меѓу три и седум милиони нелегално оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e