Исламска држава вчера презеде одговорност за крвавиот напад врз ноќниот клуб во Истанбул, каде во новогодишната ноќ се убиени 39, а повредени 69 лица.
Напаѓачот околу еден часот после полноќ упадна во елитниот клуб на брегот на Босфорот, во кој биле околу 600 гости, и незабележливо пукал од калашников.
-Херојскиот војник на калифатот нападна еден од најпознатите ноќни клубови во кој христијаните го слават нивниот нерелигиозен празник-соопштиле од ИСИС.
На социјалните мрежи набрзо се појавија и првите фотографии од дискотеката на смртта. На нив се телата на жртвите, додека подот и не се гледа од крв и се личи на кланица, а не на клуб.
Во Истанбул се приведени осум лица осомничени за врски со нападот и тие вчера беа на испрашување.
Полицијата синоќа откри нова фотографија од терористот од Реин а неа досега најјасно се гледа лицето на напаѓачот.
Фотографиата е од снимка од безбедносните камери. Во Истанбул синоќа е покрената опсежна операција со хеликоптер, но никој не е уапсен.
Операцијата била во квартот Зејтинбурн, откаде наводно напаѓачот со такси отишол во клубот.