Фајон ќе посредува во вториот круг на меѓупартискиот дијалог за изборните услови

Претседателката на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Европскиот парламент (ЕП) со Србија, Тања Фајон, денеска во српското Собрание како дел од делегацијата на ЕП, ќе посредува во вториот круг на меѓупартискиот дијалог за изборните услови.

Фајон за „Вечерње новости“ изјави дека прво одвоено ќе се разговара со опозицијата и со претставниците на власта, а потоа на заедничка средба двете страни би ги искажале своите ставови за ситуацијата и ќе можат заедно да дојдат до взаемно прифатливо решение што ќе доведе до нормални одвивање на изборите и враќање на опозицијата во парламентот.

Таа изјави дека иако постои напредок, сегашното изборно законодавство на Србија не е усогласено со барањата на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за изборите.

– Не само што не е усогласено, туку е проблем во спроведувањето. Првенствено, медиумското претставување на сите страни не е еднакво. Ова е голем проблем, бидејќи слободата на медиумите е еден од главните елементи на владеењето на правото на државите што се стремат кон членство во ЕУ. Исто така е важно да се има појасна структура за финансирање на политичките субјекти и за изборните кампањи, кажа Фајон.

Како што рече, забележително е дека двете страни имаат различни ставови за изборите.

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e