ЕУ одлучи: Од септември забрана за гел лакови

Од 1 септември оваа година, Европската Унија воведува забрана за употреба на козметички производи што ја содржат супстанцата TPO, која се наоѓа во голем број гел лакови за нокти, како и во лепила за вештачки трепки, објави 4NEWS.mk

Гел лакот е еден од најбараните третмани во светот со години.

Сепак, супстанцата TPO, која најчесто се наоѓа во хибридни лакови за нокти, лепила за екстензии на трепки, како и во гелови и UV завршни премази, е прогласена за канцерогена, токсична за репродукција, поради што е особено опасна за бремени жени, а од 1 септември е објавена забрана за нејзина употреба, продажба и примена.

Истражувањата покажаа дека оваа супстанца може да предизвика голем број несакани ефекти, од хормонален дисбаланс и токсичност за репродуктивниот систем, до потенцијално формирање на рак.

На социјалната мрежа X, има многу дебати за тоа дали е во ред да имате „вештачки“ нокти или не. Некои жени се прашуваат и дали се единствените што никогаш не го направиле тоа.

Што е TPO?

TPO е фотоиницијатор што се користи во производите за нокти, како што се трајните лакови за нокти, геловите и акрилните бои, за да им се овозможи да се стврднат под UV или LED ламби.

Еве некои од коментарите:

„Можеби жените ќе разберат“… „Дали ова значи дека повеќе нема да гледаме канџи кај девојчињата?“… „Гел лакот е лош за ноктите“… „Ако секоја жена само добро ги погледне ноктите кога ќе се извадат и види колку се уништени, веднаш би престанала“… „Дали сте виделе дами, вистински дами, со вештачки нокти или нокти кои се предолги и изгледаат како канџи? Кратките и убаво обликувани нокти се знак за добар вкус“… „Одам на корекција веќе 12 години. Трае еден месец, и правам сè и не се помрднува. Кога нанесов лак за нокти, не можеше да трае ни два дена…“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e