Ердоган победи на претседателските избори во Турција

Турската државна изборна комисија ја потврди победата на актуелниот шеф на државата. Со изборите завршено е и воведувањето на претседателскиот систем. Ердоган сега истовремено е шеф на државата, на партијата и на владата.

Според податоците на Државната изборна комисија, претседателот Реџеп Таип Ердоган и официјално победи на претседателските избори – и тоа веќе во првиот круг. Ердоган освои „апсолутно мнозинство од важечките гласови”, рече шефот на изборната комисија, Сади Гувен, во ноќта кон понеделникот на прес-конференција во Анкара. Според него, преброени се речиси 98 проценти од гласовите.Неколку часа пред изборната комисија, претседателот веќе настапи пред медиумите во Истанбул.

„Значи, нашиот народ на мојата личност ѝ го довери мандатот за претседател и за владата”, рече тој, признавајќи дека резултатите до тој момент се сѐ уште неофицијални. Гласачите, исто така, на коалицијата предводена од партијата АКП ѝ доверија апсолутно мнозинство во парламентот, рече тој.

Како кандидат на исламско-конзервативна партија за правда и развој (АКП), Ердоган освои 52,5 отсто. Неговиот противкандидат Мухарем Инџе од левичарско-националистичката Републиканска народна партија (ЦХП) пак освоил нешто под 31 процент од гласовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e