Најмалку едно лице загина, а неколку луѓе се повредени во експлозија на прометна пешачка улица во центарот на Истанбул, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на локалниот гувернер, објавени снимки и турски медиуми.
„Дејли Сабах“ објави дека најмалку 11 лица се повредени во експлозијата во областа Бејоглу во Истанбул.
На местото на несреќата се испратени бројни противпожарни, полициски и медицински екипи.