Две лица загинаа кога ферибот и мал брод се судрија денеска во холандското Ваденско Море, додека едно дете се води за исчезнато, јавува Ројтерс повикувајќи се на холандски медиуми.
Локалните власти соопштија дека рано утринава се судриле траект и помало водно такси, при што сите седум лица на помалиот брод паднале во вода, пренесе холандската новинска агенција АНП.
Двајца загинаа, а четворица беа спасени набргу по падот, според извештајот.
Властите не соопштуваат детали за тоа што го предизвикало инцидентот, наведува британската агенција.