СВЕТДве лица загинаа во несреќа со балон во КападокијаОбјавено пред 2 часа – 18 октомври, 2022Од Макфакс
Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон во Кападокија, Турција, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.
„За време на спуштањето на балонот, во кој имало 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани, а тројца шпански државјани се повредени“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека лекувањето на повредените продолжило во локалните болници и дека нивните животи не се во опасност, пренесува „Ројтерс“.