Двајца полицајци прободени со нож во центарот на Лондон

Двајца полицајци се повредени денеска во напад со нож на улица во центарот на Лондон, а напаѓачот е уапсен, соопшти тамошната полиција.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан за „Би-Би-Си“ изјавил дека нападот нема врска со тероризам и дека ниту еден од повредените полицајци, кои се пренесени во болница, не е во животна опасност.

Нападот се случил на плоштадот Лестер, каде има многу туристи, но не во близина на Вестминстерската палата, каде илјадници луѓе чекаат во редици за да и оддадат почит на кралицата Елизабета Втора, јавува „АП“.

И напаѓачот по апсењето е во болница.

Полицијата ги истражува околностите на овој напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e