Барометарот на интеграција на Австрискиот фонд за интеграција покажува дека ставот на Австријците кон муслиманите се влошил.
Дури 62 отсто од Австријците соживотот со муслиманите го оценуваат како лош, покажува ова истражување.
Истовремено, односот кон мигрантите малку се подобрил, па 53% од Австријците сметаат дека е лош соживотот со мигрантите, додека 42% од нив сметаат дека соживотот со мигрантите е добар.
Како најдобро интегрирани странци Австријците ги оценуваат Германците, а веднаш зад нив се Босанците и Србите. Лошо се оценети Турците, Ирачаните, Чечените, Сиријците и Авганистанците.