Во Загреб, дојави за подметнати бомби пристигнаа во неколку трговски центри. Полицијата излегла на терен и сите биле евакуирани, а по безбедносната проверка вработените во центрите се вратиле на работа.
Заканувачката порака со вознемирувачка содржина пристигнала по шест часот, по што била повикана полицијата и биле направени проверки пред отворањето на центрите.
„Експлозиви во трговскиот центар. Јас сум роден убиец. Роден за да убивам. Сите ќе ја почувствувате мојата омраза. Сите ќе умрете“, е содржината на една од пораките испратени од руски домен рано утринава по 6 часот.
Пораката е испратена од руски домен, а авторот се претставил како Стегосаурус – четириножен диносаурус.