Добра вест, Борис Џонсон повеќе не е на интензивна нега

Вечерва британските медиуми ја објавија добрата вест дека британскиот премиер Борис Џонсон, 55, повеќе не е на Одделот за интензивна нега во болницата “Свети Тома” во Лондон, каде беше хоспитализиран во неделата заради значително влошување на неговата здравствена состојба предизвикана од Ковид-19.

Според неговиот портпарол, Џонсон вечерва го напуштил Одделението за интензивна нега, но ќе остане хоспитализран со цел будно следење на неговата состојба за време на раната фаза на заздравување.

Портпаролот воедно додаде и дека премиерот е исклучително добро расположен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e