Рускиот војник Рамиљ Шамсутдинов убил осум колеги во воената база во Сибир и ранил уште двајца, информираше Министерство за одбрана.
Двајцата повредени се во сериозна состојба. Шамсутдинов, кој е приведен, имал психички проблеми.
Војникот почнал да пука кон неговите колеги кога се менувала смената. Тој најверојатно имал нервен слом кога започнало пукањето. Делегација од министерството, предводена од заменик министерот за одбрана се упатила кон базата, за да го испитаат инцидентот.