Девет земји го повлекоа признавањето на Косово

Во моментов 106 земји во светот не ја признаваат независноста на Косово, откако девет земји го повлекле признавањето, изјави денеска во своето обраќање српскиот претседател Александар Вучиќ. Зборувајќи за ситуацијата на Косово, Вучиќ рече дека Србија „се соочува со тешки предизвици и дека едвај ги зачувала мирот и стабилноста“.

-Ние не испровоциравме никого, освен ако некој не го смета за провокација тоа што го почитуваме нашиот Устав и ги штитиме граѓаните. Не направивме ниту еден инцидент, ниту еден погрешен потег. Не можеме да им се спротивставиме на големите сили, ние сме мали, Германија, Америка и Европа се големи… Мали сме, но денес како што стојат работите во светот, дури 106 земји не го признаваат Косово, рече Вучиќ во обраќање до јавноста.

Недвосмислено признаваат дека Косово е независна држава 94 земји, а три земји „не се на чисто“, рече српскиот претседател, додавајќи дека деветте земји кои го повлекле признавањето се: Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини, Либија, Гвинеја, Антигва и Барбуда, Света Луција и Малдивите.

-Можеме ли да им се спротивставиме во Советот на Европа? Тешко. Можеме ли да одиме во УНЕСКО? Ќе се бориме“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e