Десетици илјади демонстранти на улиците во Лондон бараат нов референдум за излез од ЕУ

Нов референдум за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија денеска на протест побараа десетици илјади граѓани, кои маршираа низ улиците на Лондон.

Паралелно, во Парламентот се води дебата за новиот договор, кој премиерот Борис Џонсон го донесе како договор со лидерите од ЕУ, постигнат во Брисел.

Демонстрантите од центарот на градот се упарија кон Парламентот, да ги потсетат пратениците дека сакаат уште еден референдум.

Директорот на кампањата „Глас на народот“, организатор на протестот, Џејмс Макгрори, истакна дека Владата мора да го смири бесот на проевропејците и да организира нов референдум за членството на земјата во ЕУ.

„Овој нов договор не одговара на тоа што им беше ветено на луѓето, така што единствено исправно е да добијат втора шанса за да се изјаснат“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e