Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска бил на состанок со претседателот на Сомалија, а пред палатата експлодирал автомобил-бомба.
Како што дознава српскиот Курир, Дачиќ се нашол среде терористички напад во Сомалија. Загинале 6 лица, тринаесет се повредени.
Дачиќ со денови е на службено патување во Африка, а сега се нашол среде нападот на бомбашот-самоубиец.
Светските медиуми ја пренесоа веста и кажаа дека меѓу повредените има двајца пратеници, а еден телохранител загинал на лице место.
Се очекуваат нови детали.