Cо продажба на бебиња заработиле половина милион евра

Грчката полиција на северот од земјата разбила криминална група која продавала бебиња, наведувајќи дека станува збор за една од најорганизираните групи во Европа.

Полицијата навела дека 22 лица се уапсени, а 66 осомничени.

Шефот на одделението за злосторства на солунската полиција, Антонис Цицис, рекол дека се верува дека ова е една од „најголемите и најдобро организираните“ групи во Европа.

Полицијата им влегла во траг на 22 случаи на продажба на бебиња, 24 продажби на јајце клетки и 10 случаи на плаќање сурогат мајки меѓу 2016 и 2019 година.

Цицис наведува дека оваа криминална група „заработила“ најмалку половина милион евра.

Криминалната група наводно ја предводеле грчки адвокат и акушер.

Тие регрутирале сиромашни трудници во Бугарија и им плаќале до 5.000 евра да ги продадат своите бебиња на парови без деца, пренесува АП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e