Четиригодишник го уби брат му, мислел дека пиштолот е играчка

Четиригодишно момче во Вирџинија, САД, случајно го убил својот две години помлад брат бидејќи мислел дека пиштолот е играчка, наведува американската полиција.

Тејлор Апонте (2) не дишел кога го пронашле во неговиот дом во округот Луиза во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош го реанимирала момчето и го одвела во блиската болница, каде подоцна е прогласен за мртов.

Нивната мајка била дома кога се случила трагедијата, а истрагата е во тек.

Истиот ден, во местото Роанок, двегодишно момче почина откако случајно се застрелалао.

Полицијата на улица запрела возило во кое биле родителите кои го превезувале детето во болница. Тие на полицајците им рекле дека нивниот син случајно се застрелал во станот. Момчето во болница е прогласено за мртво и неговата смрт се истражува.

За сега не се подигнати обвиненија во ни еден од двата случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e