Четири деца настрадаа во пожар во Харлем

Шест лица се повредени во пожар што избувна во зградата со социјални станови во квартот Харлем во Њујорк, вклучувајќи четири деца на возраст од 3 до 11 години.
Пожарникарите добиле повик од комплексот во кој има 40 згради, а пожарот избувнал во стан на петтиот кат во една од зградите.Според тврдењата на шефот на противпожарна бригада Даниел Нигро, огнот е изгаснат со големи напори.

,,Кога влегоа во собите во станот пронајдоа шест тела – четири деца и двајца возрасни”, рече Нигро,истакнувајќи дека пожарникарите не успеале да ги спасат.

Во гаснењето на пожарот учествуваа стотина пожарникари, а проценките се дека причина за пожарот најверојатно е несреќен случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e