Чеченците од Австрија тргнаа во војна во Украина – но не да се борат на страната на Русите

Многу Чеченци од Европа, вклучително и Австрија, во моментов патуваат на украинскиот фронт, но не за да се борат на страната на Русите, како што сака чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, тврди виенскиот весник „Кронен цајтунг“.

Илјадници Чеченци живеат во Австрија и тие се бегалци во таа земја. Весникот цитира изјава на неименуван Чеченец од Виена, кој рекол дека неговите двајца познаници, заедно со двајца од Германија, отишле во војна во Украина.
Тие тврдат дека сакаат да се борат како странски борци на страната на Украинците против Русите.

Не се знае бројот на Чеченците од Австрија кои заминале во Украина на боиштето, но австриските власти предупредуваат дека постои јасен закон според кој оние кои доброволно ќе земат активно учество во војната во странство можат да го загубат австриското државјанство.

Денеска е петти ден од почетокот на руската агресија врз Украина.

Киев и Москва се согласија да започнат мировни преговори денеска, бидејќи борбите продолжуваат вчера во неколку украински градови. Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро најави „почеток на специјална воена акција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e