Бугарската армија не може целосно да го гарантира суверенитетот

Вооружените сили на Бугарија се само делумно во состојба да ги исполнуваат обврските за гарантирање на националниот суверенитет и за адекватно учество во структурите на НАТО, изјави бугарскиот заменик-премиер и министер за одбрана Стефан Јанев. По седницата на бугарската Влада на која беше усвоен годишниот извештај за состојбата во одбраната и Вооружените сили, Јанев оцени дека се констатирани „бројни околности кои со години биле посочувани и нагласувани“. Според него, главен проблем на бугарската Армија се недостигот на средства за финансирање во последните години, поради што бројот на припадниците на армискиот состав е за 25 до 30 проценти помал од потребите на одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e