Бројот на жртви при уривањето на зградата во Мајами достигна 90 лица

Бројот на потврдени жртви при уривањето на станбената зграда во Мајами достигна 90 лица, изјави денеска градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава.

Според Левин Кава, се уште се трага по 31 лице, за кои се стравува дека се загинати.

– Бројката е променлива и таа и понатаму ќе се менува со продолжувањето на потрагата, нагласи градоначалничката.

Истражните органи се уште не ја утврдиле причината за уривањето на зградата стара 40 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e