Бомбашки напад на митинг во Етиопија

Новиот премиер на Етиопија, Абиj Ахмед соопшти дека неколкумина се убиени во експлозија на граната денешниот митинг на плоштадот Мескел во гавниот град Адис Абеба на кој тој се говорел.

Според него, се работи за неуспешен обид на силите кои не сакаат обединета Етиопија.

Абиј бил веднаш оддалечен на безбедно место. На митингот се проценува дека присуствувале илјадници луѓе.

Абиј Ахмед

Етиопија со години се соочува со насилни протести.

Абиј е првиот лидер на земјата од етничката група Оромо, која е во центарот на речиси тригодишните антивладини протести, во кои загинаа стотици луѓе. Тој стана премиер откако неговиот претходник Хајлемариам Десалегн неочекувано поднесе оставка во февруари.

Оваа етничка група со години тврди дека е политички, економски и културно маргинализирана, и покрај тоа што се најголема група во земјата.

Етиопската влада е обвинета за кршење на човековите права, вклучувајќи мачење и убиства на политички дисиденти.

Откако ја презеде власта, Абиј започна реформи за демократизација на режимот што владееше претходно. Една од мерките е и деблокирање на стотици веб-сајтови и ТВ-канали.

Во петокот една од етиопските бунтовнички групи Гинбот 7 со седиште во Еритреја соопшти дека престанува со вооружениот отпор против владата, бидејќи како што рекоа, регпрмите на Абиј даваат надеж дека демократијата во Етиопија е реална можност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e