Делегацијата на Белград го напушти техничкиот дијалог и се враќа во Србија поради убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се обрати на јавноста во 13 часот, по седницата на Советот за национална безбедност.
Оливер Ивановиќ е застрелан утрово во Косовкса Митровица.
Убиството следи по загрозувањето на безбедноста и имотот на Србите повратници на Косово, и по заканите на претседателот на косовското Собрание Кадри весели дека косовските Албанци нема да запрат до Ниш, доколку Србија се обиде да ја загрози независноста и сувереноста на Косово.