Бајден испраќа нов пакет оружје во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе потпише одобрение за нов пакет-оружје за Украина во вредност од најмалку 100 милиони долари во наредните денови, изјавија денеска тројца американски претставници.

Тие го рекоа тоа со услов да останат анонимни и додадоа дека најновата испорака на оружје веројатно ќе содржи повеќе муниција за системи како хаубици, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека САД од почетокот на руската операција на Украина и испратиле оружје во вредност од 3,4 милијарди долари, а освен хаубици, се користат и противвоздушни системи „Стингер“, противтенковски ракети „Џавелин“ и муниција.

Минатиот месец Бајден предложи пакет помош од 33 милијарди долари за Украина, од кои повеќе од 20 милијарди долари треба да одат за воени фондови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e