Автобус во Германија излета од патот, повредени 16 лица

Автобус на линија од Стокхолм до Берлин излета од патот на североистокот од Германија и се преврте. При несреќата повредени се 16 лица, од кои шест потешко.

Несреќата се случи утрово околу 6.30 часот, во близина на градот Росток, а во автобусот кој возел преку Копенхаген имало двајца возачи и 63 патници, наведе „Асошиејтед прес“.

Во инцидентот не учествувале други возачи, а засега не е познато зошто автобусот излетал од патот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e