Во својата „кампања за откривање на тајни“, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж најави дека ќе објави нови документи поврзани со Хилари Клинтон, а кои би биле клучни за резултатите од изборите во ноември.
Асанж, кој живее во Амбасадата на Евкадор во Лондон, за Фокс телевизија изјави дека Викиликс истражил илјадници страници материјал и сите ќе бидат објавени пред 8 ноември, за кога се закажани изборите во САД.
Според него, голем број од документите се поврзани со изборната кампања и се многу интересни, а некои дури и забавни.
Викиликс веќе објави близу 20.000 мејлови од адресите и серверите на демократите, пред нивната конвенција минатиот месец.