Хакерската група Анонимус испрати нова порака до српскиот претседател Александар Вучиќ. Анонимусите ја информираа јавноста дека се многу ангажирани и дека собрале е-маил адреси на стотици службеници од различни министерства.
Својата порака ја завршија со прашање упатено до Вучиќ: „Еј, кукло на Путин, каде си? Уште со кучињата?!“, пишува Нова.рс.
На крајот на декември, Анонимуси му посветија една од своите објави на Твитер на Вучиќ. Потоа објавија видео во кое зборуваат за настаните на Косово заедно со навреди и закани.