Американка по грешка ја ранила својата ќерка која и дошла во посета и сакала да ја изненади, јавуваат светските медиуми.
Инцидентот се случил во Охајо, кога жената, за својата 18- годишна ќерка која била замината на студии, помислила дека е провалник.
Жената при рака имала оружје, за кое имала и дозвола, па пукала и ја ранила во рака.
Мајката била шокирана кога сфатила на кого пука.
Инцидентот е пријавен во полиција, а допрва ќе се утврдува дали има причина за кривично гонеше на жената.