Седум мигранти загинале при превртување на брод кај грчкиот остров Лезбос.
Во бродот, кој тргнал од Турција патувале околу 60 мигранти, кои се безбедно извлечени од морето.
Се уште не е позната националноста на жртвите. Пет спасувачки чамци и еден хеликоптер и натаму ја пребаруваат областа во потрага за евентуални преживеани, а спасените се однесени на пристаништето митилини, пренесе „Катимерини“.