44-годишен Србин почина на плажа во Неа Пори – Спасувачите се обиделе да му помогнат

Српски државјанин (44) бил најден во несвест на плажата Неа Пори во Пиерија, Грција. Спасувачите се обиделе да му помогнат, но за жал бил прогласен за мртов.

Инцидентот се случил во среда наутро, објавија грчките медиуми.

Според крајбрежната стража, на 44-годишникот првично му била укажана прва помош од страна на спасувачите, а потоа со брза помош на ЕКАБ бил пренесен во медицински центар, каде што бил прогласен за мртов.

Четвртиот оддел за пристаништето Платамонас на Централната пристанишна управа на Солун, кој спроведува прелиминарна истрага, наредил обдукција во Службата за судска медицина во Солун.

Сè уште не е познато како се случила трагедијата.

Ова е уште една во низата трагедии на грчките плажи годинава во кои починале туристи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e