Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени при напад на бомбаш самоубиец на влезот од Министерството за рурален развој во Кабул, објави „Ројтерс“.
Агенцијата пренесе информација за нападот објавена од тамошното Министерството за здравство.
Повикувајќи се на авганистански официјален претставник, АП објави дека 31 лице биле повредени во самоубиствениот напад.