1.500 евра од државата за починат од корона вирус во Косово – ова се условите

Сите оние кои изгубиле блиски членови на семејството како последица на ковид-19 можат да аплицираат за еднократна помош од косовската влада во износ од 1.500 евра, соопшти косовското Министерство за финансии. Помошта се однесува за изгубен брачен другар, дете или родител.

За електронската пријава е потребна потврда за матична регистрација, со која се потврдува семејната поврзаност на барателот со починатиот и копија од последната страница од личната карта на лицето кое аплицира.

Оние што изгубиле член на семејството по 1 октомври, пак, ќе можат да добијат помош само доколку починатите биле имунизирани со две дози вакцини против ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e