Зошто запнал Путин да го елиминира Навални?

Дали Алексеј Навални, со својата лична саможртва ставена на слободно располагање на режимот во Москва, може да ја промени политичката иднина, што многумина ја сметаат за судбина, на Русија?

Пред да побрзате со одговорот, можеби не е лошо ова прашање да го разгледате во „пакет“: ќе беше ли Русија ова што е денес (слободно изберете опис што вам најмногу ви одговара), да не беше Путин на нејзиното чело?

И двете дилеми се трик-прашања, бидејќи одговорот на овој вид на избор на алтернатива, на еден или на друг начин, се дискутира откако постои цивилизацијата како организиран облик на човечко живеење во култивирана (политичка) заедница, без да се дојде до изричит заклучок. Да ја скратам таа огромна, никогаш целосно прочитана библиотека на мислења – на пример, Георги Плеханов: „Улогата на индивидуата во историјата“, од 1898 г. – сумарната теза би можела да биде дека индивидуите влијаат субјективно врз историските настани, доколку за тоа постојат објективни околности. Што значи дека и да постојат објективни околности, промените не се задолжителни, доколку во нивното остварување не се вмешаат одредени субјекти.

Ова подразбира дека одговорот на дилемата за реформскиот (или, ако го љубите Путин, за деструктивниот) потенцијал на Навални е, всушност, проценка на објективните околности на состојбите во Русија. Тоа би била долга компаративна анализа на историските и актуелните состојби во таа земја, за која авторот на овие редови не се чувствува доволно компетентен и капацитетен да ја направи.

Но, со „голо око“ може да се види дека не јас, туку лично Владимир Владимирович Путин проценил дека Алексеј Анатолиевич Навални е доволно опасен субјект за опстанокот на рускиот објективен поредок, бидејќи со години се обидува да го убие, а како што тоа, некако, не му успева – што е, исто така, „неповолен“ симптом за состојбата на еден многу специфичен дел од поредокот во Русија – ја прифаќа алтернативата редовно да го затвора на долги престои во руските зандани, за да го елиминира личното влијание на Навални врз развојот на руското (објективно) секојдневие.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e