Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:
На крајот ќе се случи следното: очигледно, во Собранието ќе дојде до некакво политичко помирување, после кое, со помош на некаков специјален закон, на некои луѓе од учесниците во насилствата од 27 април ќе им биде простено, со што ќе престане судењето против нив – бидејќи ВМРО-ДПМНЕ реши да го бојкотира тој процес на помирување, не ќе може да си ја припише ни заслугата за ослободувањето на овие луѓе.
Од друга страна, други обвинети за поттикнување, организирање и изведба на настаните од 27 април ќе си го дочекаат крајот на судењето и казните што, соодветно и заслужено, ќе им бидат изречени – бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и денес не се оградува од ова злосторство, ќе си ги припише врз себе криминалите сторени од овие луѓе. На тој список ќе си ги додаде и повеќето други разновидни криминали (минус Мијалков, него го набркаа!) од долгиот регистер на кривични дела, речиси од сите глави на Кривичниот законик, што ги гони СЈО.
Паралелно на ова, ВМРО-ДПМНЕ и официјално влегува во историјата како политичката структура која била против зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ, заради одбивањето на „Преспанскиот договор“. А и сите вложени напори за блокирање на тој договор пропаѓаат, што значи дека ни името не е „одбрането“.
Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.