Зошто НАТО и ЕУ?

Ви пренесуваме дел од колумната на Фатмир Бесими за Независен:

-Кога ќе помине еуфоријата, тоа што останува, е прашањето: Дали со членството во НАТО и ЕУ ќе ни биде подобро од денес и каква перспектива ќе имаме? Досега поминавме долг пат и со многу предизвици и со правилни и храбри одлуки тука сме сосема заслужено. Сепак, ова не е момент за опуштање, напротив, треба да се помине тежок дел и макотрпна работа на реформите. И тоа вреди да се исчекори до крај!

Вреди! Со членство во НАТО и ЕУ ќе има повеќе придобивки за граѓаните на Република Македонија: Се цементира идната стратегиска определба – заедно и еднакви, на иста одлучувачка маса да бидеме со развиените демократии и економии од Западот. За да ни биде јасно, доволно е да се погледнат искуствата на тие што го поминале овој пат, односно земјите од Централна и Источна Европа, а некои од нив беа и поназад од нас на почетокот на транзицијата во 1990-тите години. Сега тие се дел од Европска Унија и НАТО. Тоа е добра лекција. Земјите од Централна и Источна Европа, кои станаа членки на НАТО во 1999 година, потоа со големиот бран на проширување на ЕУ во 2004 година, по што во НАТО се приклучија Албанија и Хрватска во 2009 година (возот што го испушти Македонија), за потоа во 2013 година Хрватска да се приклучи во ЕУ и минатата година Црна Гора стана 29-та земја членка на НАТО. Од нивните искуства најдобро ќе дознаеме што може да очекуваме. Верувале или не, нè очекува добра вест, која влева оптимизам за нашата иднина на патот по кој чекориме.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e