Моите читатели знаат дека ќе гласам за Стево Пендаровски, односно против каква било, па и најмала опасност и натаму да се попречуваат и пролонгираат европските перспективи, демократизацијата и побрзиот развој на државата и подобар и поквалитетен живот на идните генерации. На овие определби потрошив над 30 од 43 години поминати во професијата, редовно и упорно поддржувајќи ги евроатлантските аспирации и на Југославија и на Македонија. Со изборот на Пендаровски, современиците имаат историска шанса, но и обврска да ја продолжат и да ја завршат најзначајната работа за иднината на својата земја. А, тоа е Македонија да ги оствари своите стратегиски цели и да се спаси од сиромаштија, заостанатост, делби, крвопролевање и исчезнување.
Земјите на Југоисточна Европа и особено на Балканот се осудени на распаѓање, емиграции и масовни преселби, доколку не станат членки на ЕУ. Ова не е новина, некаква посебност само на далечното минато. Се случува и сега во 21 век, како и претходните векови. Тоа го имаат констатирано повеќе светски научници, чии факти, проценки и предупредувања не оставаат простор за дилеми.
Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука