Што има опозицијата, ќе прашате? Има мутантни (пара)портали, оние што живеат во најдолните маргинални новинарски професии, оние што во развиените земји се расфралаат по метроа во вид на потерници, наменети за „предавници“, „мразачи на Македонци“, „непатриоти“, „одродени“, „обескоренети“ и на тоа слично.
Понекогаш, евидентно е, излегувам на телевизија; понекогаш и некои чудни работи забележувам, или можеби е до мене, или се работи за некој општ впечаток? Не може да се рече ништо умно за медиумите и за проблемите на соочувањето со минатото додека не расчистиме неколку клучни работи: дали минатото е воопшто минато? Може ли со минатото на вистински начин да го соочувате општеството, а во него и медиумите, општество кое не се соочува сериозно ниту со својата сегашност? Кој е оној што може да ја согледа сопствената сегашност од сопствениот агол?
Овие прашања се начелни, а можеби изгледаат или звучат и апстрактно. Но, ајде сега да се обидеме да конкретизираме: неспорно е дека декадата на Груевски беше составена од луѓе кои претставуваа актери на хушкачко-националистичката реторика. Тие луѓе, повремено – и скромно – нѐ убедуваат дека ги промениле своите светогледи и своето однесување во однос на својот „минат труд“, ама таа нивна слаткоречивост тешко дека има упориште во реалноста. Пред само два дена, Христијан Мицкоски излезе во јавност да го заокружи „фиљан и фиљан човек“, и на него да ја насочи толпата, за потоа да се слушне глас – „куќата да му се запали“, а по неколку минути, во таа толпа да ја влечат и туркаат нашата позната и релевантна новинарка на Ал Џезира, Милка Смилевска.
Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниов ЛИНК.