Зиков: Крајно несериозно, непатриотски и во крајна смисла глупава политичка стратегија на опозицијата

Најновата шашма што почнаа да ја шират е демек денарот ке падне. Откако, НБРМ кажа дека ке го брани курсот со сите средства, а стратегијата да рашират паника не им успеја, сега забегаа на други теми. Не им успеја.

Оттука, позицијата на Мицковски дека помага во оваа криза е на климави нозе. Овој опозициски лидер повеке заличува на каубоец у салун кој влегува, вади два пиштола и пука на сите страни … па кого утепа утепа …!?!? Она Џон Вејн варијанта од оние евтини вестерни …

Анализа …

Тој во своите јавни настапи поаѓа од позицијата дека сите во оваа земја се глупи, а само тој и два тројца што се појавуваат на пресови се паметни. Тој се знае другите абер немаат … Тој најубаво збори другите јадат г…а да ми простите.

Тоа е неодржива позиција … На пример лично сум навреден како човек кој за себе смета дека е во голема љубов со Македонија и дека е посветен граѓанин на решавање на нејзините проблеми!

Особено е неодржива неговата позиција, ако се земе во предвид дека сака да биде премиер!?
Пошто редовно ги следам Србите, да кажам дека неговиот настап е буквално ист со оној на Вучич (само што тој не е на власт!?! И тука е неговиот проблем).

Вучич стајл – “сите се глупи само јас знам како треба””
Несериозно лидеру на опозиција …

Оттука мој предлог до опозицискиот лидер (еден бесплатен ПР совет кој злато вреди) е … ако сака да биде сериозно прифатен во пошироката македонска јавност со “демек добрите идеи за Македонија што ги раскажува деновиве”, за почеток е потребно да ја смени дикцијата. Нема потреба господине Мицковски од таква арогантност и нафураност. Не е време за луѓе со комплекс на виша вредност!
Сега е потребно повеке емпатија, тивко зборење, мирување … и нагон за сплотување и тимско расудување! Вака би ви кажал и секој добар лидер – менаџер!

Мицковски се понаша како дете на цреша … околу него мислат дека сега е моментот да се удри јако … не е важна корона вирусот важно е да се мава и да се собираат поените … Како фатиле со оваа динамика тие другата недела ке излезат на прес и сите што не мислат како нив ке ги обвинат дека – специјално за Македонија тие го измислиле корона вирусот –

Инаку да кажам и ова, пошто долго паметам … Каква што е сега концепцијата на вмро дпмне, е токму вакво е новинарството денес низ порталите и социјалните мрежи!?! Манипулативно и ставено во нечија функција.

Оттука, вмро дпмне повеке наликуваат на некој забеган медиум, а добро платен од имагинарни извори, отколку на сериозна опозиција која сака да дојде на власт …

Зошто мислам така …

Прво, ваквото однесување на Мицковски и вмро дпмне може е израз на крајна забеганост и нетолерантност (а може е и израз на паника), како и правење поени со “мавање под појас” … поени направени на криза во време кога остатокот од Македонија (минус вмро дпмне) се мобилизирани на надминување на големите штети од оваа криза (овде ги ставам владејачките партии предводени од сдсм сите, како и голем број слободоумни и интелектуално потковани граѓани кои делуваат апсолутно независно. Тврдам оти ревносно ги следам порталите и социјалните мрежи).

Второ, ваквиот однос на Мицковски може да значи и … демек нудам решенија, ве мочам сите попат оти ве снетам за глупави, правам поени, но молам бога да не ме викнете да помагам оти ми е убаво во оваа комфорна зона на “опозиционер врескач” – демек моето време иде- па затоа земав микрофонот у раце и пејам …

Не знам кој го советува, кој му ги сервира екононските мерките (особено кои се тие од таканаречената бизнис заедница хахах), но фактот што тој трча да ги каже мерките пред владата да ги соопшти истите мерки, е безмалку комично.

Ова што сега се случува е многу слаб театар …

Прилично несериозно. И непатриотски на што гордо се реферираат. Срамота.

 ФБ статус на Љупчо Зиков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e