9 мај – Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа
На овој ден, пет години по завршувањето на Втората светска војна, Роберт Шуман го предложи “Шумановиот план”, првиот чекор кон европската интеграција. Денеска одбележуваме 70 години од историската “Шуманова декларација”, 70 години мир и солидарност.
Европската унија ја промени судбината на нашиот континент. Родена на пепелта од кризата што го уништи континентот, во услови на новата криза низ која поминуваме, научиме сите повеќе да ја цениме вистинска вредност на Унијата.
Европската унија значи мир, слобода и владеење на правото, но за нас значи и иднина и отвореност кон светот. Затоа, она што денес е Европа не смее да се зема здраво за готово. Тековната пандемија е болно потсетување за тоа. Проектот за поблиска, за пообединета Европа, не смее да застане.
“Само ако сме обединети, ќе бидеме силни, само ако сме силни, ќе бидеме слободни“, се зборовите на Алциде Де Гаспери, 30-тиот Премиер на Италија.
За македонските граѓани, во ова време на пандемија и криза, ЕУ ја покажа солидарноста преку итна поддршка за здравствениот сектор и со финансискиот пакет за соочување со социо-економските последици, што ја прави Европската унија посебна и единствена.
Затоа, да се потсетуваме на сонот и на зборовите на основачите на Унијата и нека ова бидат моменти на прослава на пријателството, единството и солидарноста меѓу земјите и луѓето.
ФБ статус на Андреј Жерновски