Вистински манипулации од куќата на лажните вести
Не само што продолжуваат неконзистентните настапи на
најголемата опозициска партија, туку се чини дека добиваат уште повеќе на интензитет.
Па така, вчера јавноста беше сведок на нови трагикомични гафови. Имено, истовремено додека партискиот врв не’ уверуваше дека поради лошото менаџирање на Владата со пандемијата, земјата се наоѓа во се’ поголема здравствена криза, нивниот министер во техничката Влада инсистира на полиберални мерки за претстојниот првомајски викенд, затоа што состојбата е подобрена.
Да не беше трагично, ќе беше смешно.
Понатаму, на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, наводно “му се гади” од дебата за избори и политика во време на пандемијата, а на истата прес конференција предлага одржување на лидерска средба на која ќе се дебатира условувањето на источниот сосед за македонскиот јазик и македонското малцинство. Што, нели, нема никаква врска со политика.
Нејсе, јас останувам оптимист. Толку голем, што сум убеден дека освен корона вирусот, ќе го совладаме и овој политичкиот.
ФБ статус на Андреј Жерновски