Благодарност до европратеникот Tonino Picula и неговите колеги
Кризата, која е предизвикана од коронавирусот, не ги попречува институциите на ЕУ да продолжат со спроведувањето на своите политики, односно со политиката на проширување.
Во тој контекст, а во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан 2020, Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ја усвои препораката на хрватскиот европратеник Тонино Пицула за Западен Балкан
Овој извештај е јасен знак дека пратениците, дури и во ова време на длабока глобална здравствено-економска криза, и понатаму го подржуваат продолжувањето на процесот на проширување, како една од најуспешните политики на ЕУ. Во денешно време, кога научивме дека заедно сме многу посилни, политиката на проширување добива уште повеќе на тежина.
Оваа криза не’ потсети сите на тешките лекции што ги имавме заборавено после Втората светска војна, а тоа е дека сојузите, организациите, државите, луѓето, мора да бидат непоколебливи во својата одбрана и да делуваат без поделби, туку само интегрирано и организирано.
Токму затоа, веста што денеска пристигна од Брисел е многу битна, бидејќи само на тој начин сите ние ќе бидеме посилни, а нашите граѓани посигурни и поспокојни.
ФБ статус на Андреј Жерновски